Впивајте го сонцето колку што можете повеќе - потреба од витамин Д во есен

Ограничената количина на сонце не само што ви предизвикува лошо расположение, туку и промовира чувство на поспаност.

Есента е годишно време во кое претежно преовладуваат врнежи од дожд, а помалата изложеност на сонце може да предизвика недостаток на витамин Д бидејќи овој витамин главно се синтетизира во кожата кога е изложен на УВ зрачење.

Затоа многу експерти препорачуваат дополнително дополнување со витамин Д во есенскиот и зимскиот период. Особено што неговите својства се исклучително корисни: Освен што го поддржува правилното функционирање на имунолошкиот систем, витаминот Д влијае и на правилното функционирање на мускулите, го олеснува одржувањето на здрави коски и заби (со зголемување на вклученоста и апсорпцијата на калциумот од храната) и учествува во процесите на клеточна делба.

Затоа, се советува престој на отворено односно во природа, што е можно почесто, кога временските услови го дозволуваат тоа и преовладуваат сончеви периоди. 

Со оглед на тоа дека во следните денови се прогнозира сончев период, искористете го максимално за прошетки во природа и впивање на сончевите здраци.