Возрасно лице натепало малолетник ви близина на локално училиште во тетовско село - полицијата го уапсила

Синоќа во 21:00 часот во Полициската станица Тетово, С.К.(42) од село Селце, тетовско, пријавил дека во близина на локалното училиште во селото, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од С.С.(23).

Како што се наведува во полицискиот билтен, по преземени мерки, во 21:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.С., кој бил задржан во полициска станица.

По документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.