Возрасна жена сакала да се самозапали во Скопје - неофицијално должела на извршител

65 годишна жена сакала да си го одземе животот преку самозапалување на кејот на Вардар, но случаен минувач-велосипедист успеал да ја спаси. 

На локацијата настанала вистинска драма, кога 26 годишниот скопјанец минувал под мостот кај МАНУ. Без дилеми посегнал по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка. Во обидот за спасување и двајцата завршиле во реката, бидејќи жената пружала отпор, а потоа со возило на Брза помош била однесена во болница за укажување лекарска помош. 

Според неофицијални и непотврдени информации кои кружат на социјалните мрежи, причината за посегање по својот жиот од страна на 65 годишната жена било долг кон извршител. Наводно, на жената и била одземена покуќнината и најосновните средства за живот од страна на извршителот, потоа и мобилниот телефон, а долгот изнесувал 120 илјади денари. 

На социјалните мрежи, се шпекулира дека долгот е настанат по основа на судски такси за кои жената понудила да плаќа на рати, но нејзиниот предлог бил одбиен.