Возниот ред на скопскиот трамвај се поремети

Скопјани нетрпеливо го чекаа почетокот на изградбата на лините за трамвај, особено откако градоначалникот Шилегов тоа го најави пред 9 месеци. Секој ден се очекуваше дека работите ќе почнат на терен. Ама еве вчера дочекаа да слушнат дека Градот Скопје и Владата допрва наредната недела ќе бараат решение за финансирање на изградбата на првата трамвајска траса во градот.

Во вторникот имав работен состанок со претседателот на Владата на тема „Јавниот сообраќај на градот Скопје” и бевме договорени Градот Скопје да изготви информација што ќе биде доставена до еконосмкиот совет на Влада за да се инфинансира проектот. Градот Скопје денеска ја изготви информацијата, во текот на денот ќе ја доставиме во Владата и очекувам наредната недела претседателот на Владата да го свика економскиот совет за да го решиме финансирањето, рече тој.

Кога во декември минатата година најави дека ќе се гради трамвајот во Скопје Шилегов рече дека за градбата на трасата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе бидат потребни околу 150 милиони евра. Тој рече дека очекува реализација на овој проект да почне во текот на оваа година.

Епа ако сега допрва треба да се бараат решенија за финансирањето, треба да се запрашаме дали и овој временски рок ќе биде надминат, како и многу други.

СкопскоЕхо