Возниот парк на ЈСП останува стар, Скопје без приватни превозници, а скопјани со лошата услуга

Со 15 гласови „за“, еден „против“ и 18 „воздржани“, советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на Арсовска да се земе заем за набавка на нови еколошки автобуси. 

Возниот парк на ЈСП останува стар, Скопје без приватни превозници, а скопјани со лошата услуга. 

Се чека многу на студено и на загаден воздух, автобусите се нередовни, преполни, небезбедни. Ова го коментираат скопјани на социјалните мрежи. 

-На загаден воздух, недолжни граѓани чекаат нередовни и преполни автобуси. И учениците мрзнат по автобуски станици, се гушат во преполни автобуси, во време на вируси и болештии! - споделува една скопјанка. 

-Преполни се, си дишеме во врат, немаме личен простор. Кутрите луѓе се буткаат од паника и страв да не останат надвор, вели друг граѓанин. 

-Треба се да се приватизира. Комплет ЈСП да се распушти. Само така поголема конкуренција, подобра понуда и лек за партиска превработеност. Субвенции од градот, само директно до потрошувачот, т.е. субенционирана карта. Државата и градот не се способни да водат претпријатија, видено насекаде во свет како и тука, смета еден скопјанец. 

Проблемот со јавниот превоз во главниот град се провлекува веќе трет месец откако градот го раскина договорот со приватните превозници, а на новиот повик не се јави никој. 

До кога скопјани ќе мачат мака со јавниот превоз останува да видиме!