Вознемирувачко видео: Приведен мажот што ја тепаше сопругата во живо на ТикТок

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа било пренесувано во живо на „Тик-ток“

Видеото ги вознемири корисниците на социјалните мрежи во земјава, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.

Според информациите од полицијата за „Макфакс“ постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимкта.

Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете тука.