(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нов случај на булинг во Куманово: Девојче со шлаканици и клоци притиснато во ќош

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство објави порталот „Слободен печат“. Инцидентот овој пат се случил во Куманово.

Според објавата на порталот, станува збор за настан, кој според нивните информации, се случил пред еден месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска било примено на разговор во полиција.

Иницијално, снимката од овој напад била објавена на социјалната мрежа „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.

На видеото може да се забележи дека девојчето брутално е удирано со повеќе шлаканици и клоци од три други девојчиња, од кои едното, според информациите на „Слободен печат“ има 19 години.

Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. 

Од МВР за „Слободен печат“ посочиле дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово преземале мерки и активности за расчистување на случајот.