Вознемирувачко видео: На Клиниката за гинекологија извадена циста од 90 килограми од 45-годишна жена

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје била примена жена во тешка здравствена состојба – таа имала циста во стомакот која тежела 90 килограми.

Тимот на медицинскиот персонал заедно со гинекологот Игор Алуловски и голем тим анестезиолози вршеле 5-часовна операција врз 45-годишната жена. 

„За да ја извршиме операцијата, моравме прво да го испразниме туморот. Беше извадена околу 65 литри густа течност, а самиот тумор тежеше близу 90 килограми. Пациентката беше донесена во крајно влошена состојба, во аспект на дишењето и работата на другите органи низ целото тело“, вели Алуловски за „Канал 5“.

 

Големината на цистата е досега најголема циста извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата започнала да расте од матката на жената по што се проширила низ целиот стомак. Таа создала труење на крвта, а големината на истата правела притисок врз ребрата и срцето. Пациентката сè уште се наоѓа во шок соба.