Вознемирувачко видео: Маж заврзал девојче околу рацете и вратот и го снима за да признае кражба

На фејсбук се појави видео споделено од профилот на Методи Донски во кое тој опишува како извесен Зоран Чолаков од Ново Село Струмица сопственик на Малски Дуќан бездушно малтретира дете поради наводна кражба. 

Како што може да се забележи и на видеото, според гласот на снимателот, се претпоставува дека се работи за повозрасен маж кој заврзал босо девојче околу рацете и вратот со јаже.

Девојчето во плачење објаснува дека ги зело (или украло) парите зошто немале за јадење и останатите што останале и го дало на мајка си.

Таа го моли снимателот за да ја пушти оти и било страв дека ќе ја изедат оси, на што тој и се заканува и го заплашува девојчето дека ќе ја намачка со мед за да ја искасале.