(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонка намерно прегази куче во Црна Гора - полицијата ја уапсила при обид да избега од државата

Македонската држвајанка С.С. (46) е уапсена додека се обидувала да избега од Црна Гора, откако претходно намерно прегазила куче со својот автомобил, неофицијално за „Вијести“ изјавија од Полициската управа.

Од таму објаснуваат дека Одделот за безбедност на Улцињ бил информиран дека едно лице со возило го прегазило кучето на сопственикот.

„Полицијата го пронајде возилото и го идентификуваше женското лице кое го управуваше возилото, државјанка на Македонија“, соопшти полициската управа.

„Таа се обиде да ја напушти земјата, но ние ја спречивме“, изјавија од институцијата за „Вијести“.

Полициската управа синоќа официјално објави дека полицијата во Улцињ, преземајќи координирани мерки и дејствија, брзо ја идентификувала, пронашла и, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, ја уапсила С.С. (46), државјанка на Македонија, која денес во Улцињ со возило прегазила куче и го убила.

„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, се вели во соопштението.

Дежурната служба на Одделот за безбедност Улцињ, како што велат, денес околу 15:15 часот била известена од сопственикот на мртвото куче дека претходно непознато лице, управувајќи бел „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, намерно го прегазило кучето на улицата и го убило.

Веднаш била започната потрага по лицето, а околу 16:40 часот било пронајдено и запрено на заедничкиот граничен премин „Сукобин – Муриќани“, во обид да ја напушти Црна Гора.

– Потоа С.С. беше донесена во полициските простории, каде што беше спроведена кривична истрага. За ова беше известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, кое констатира дека настанот содржи суштински елементи на кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште и нареди С.С. да биде лишена од слобода“, се вели во соопштението.

На лице место е спроведена истрага. Осомничената ќе биде приведена во надлежното државно обвинителство во рокот предвиден со закон, поради сомнение дека го сторила претходно наведеното кривично дело.

На социјалните мрежи видеото го објави извесна Марта Дамјановиќ, која сподели и вознемирувачка фотографија од прегазеното куче и од регистарските таблички од возилото кое наводно го сторило чинот.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.