(Вознемирувачко фото) Бремено куче во Ѓорче Петров претепано до смрт и фрлено во вар

Од здружението за заштита на животните, Анима Мунди информираа за нов случај на изживување врз куче и бараат сторителот да се пронајде и да биде најстрого казнет.

„Две жени во Ѓорче Петров ја пронајдоа оваа кучка, преплашена, во болки, во процес на пораѓање. Ја нарековме Мајка. Некој ѕвер ја удирал, тепал за да на крај ја фрли во вар оваа напатена душа. Роди три кученца, двете ги загуби , а и покрај сите обиди и укажана помош не успеа да се спаси ова премило, кротко, несреќно куче.

Ве замолуваме за помош и споделување на оваа приказна која не е реткост во нашето општество и која треба да вознемирува, згрозува, плаши! Замолуваме за сведоштво, доказ за монструмот кој се изживувал врз ова животно, за кого ниту мајчинството не е свето.

Лицето кое го сторило ова е социопат, насилник, треба итно да се најде зад решетки. Бараме најстрога казна! Кривичниот закон предвидува и казна затвор“, велат од Здружението.