Вознемирувачка содржина: Нападнат патник во градски автобус, го удираат повеќе лица

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео каде се гледа како повеќа лица удираат патник во градски автобус.

Од описот на видеото се вели дека настанот се случил во преполн автобус на 57-ца во скопската населба Радишани.
Причните кои довеле до ваков настан не се познати.

За дека вакви настани се чести посебно во оваа автобуска линија потврдуваат и очевидци каде велат дека ова трае веќе извесно време и најчесто жртви на нападите се помлади лица кои се враќаат кон дома од центарот на Скопје.