Возилото во кое загинаа Петар и Кристина ќе ја подигнува свеста за одговорно учество во сообраќајот

Со вистинска приказна и скршено возило од сообраќајна незгода РСБСП ќе ја подигнува сообраќајната култура и свест кај најмладата популација.

Петар М. (23) и Кристина А. (18) на 16.05.2016 година на пат кон Кавадарци, загинаа во оваа возило поради лудо и неодговорно возење. Последиците болат. Ваква порака праќа возилото кое што во ракми на кампањата за подигнување на безбедноста во сообраќајот кај младата популација вчера беше поставено на плоштадот во Скопје, а следните денови ќе може да се види на неколку фрекфентни локации.

Активноста ја реализира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во склоп на кампањата насловен „Младост без лудост“ која беше промовирана вчера во Скопје. Слогано на кампањата Младост без лудост – Младост е да си нескротлив, а лудост е да си не невнимателен. Кампањата ќе се реализира теренски, со цел да се стигне полесно до оваа популација. Во нејзиниот фокус се младите луѓе на возраст од 18-40 години бидејќи тие спаѓаат во категоријата на ризични учесници во сообраќајот кои што често се причина и настрадани во сообраќајни незгоди. 

Согласно сообраќајната статистика во 2016 година вкупно 165 лица ги загубиле своите животи на патиштата во Македонија, од кои околу 60% се токму во оваа возрасна категорија.  Вкупно 6000 млади луѓе на возраст до 40 години се тешко повредени во сообраќајни незгоди минатата година. Статистистичките податоци покажуваат дека на светско ниво секоја година 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, или дневно се губат околу 1.050  млади животи на патиштата ширум светот.

Неофицијалните статистички податоци за 2017 година покажуваат дека за првите три месеци вкупно  12 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои неколку се млади лица.

Анализите поврзани со сообраќајот кажуваат дека недоволното икскуство, недоволно практично и теоретско познавање на правилата и прописите во сообраќајот, управување на моторно возило без возачка дозвола,  склоноста кон превземање на ризик, склоноста кон брзо и агресивно однесување во сообраќајот, склоност кон управување на моторно возило под дејство на алкохол, склоност кон употреба на мобилни телефони и други  помошни средства кои ги дефокусираат од безбедно учество во сообраќај се причина за сообраќајните незгоди. Едноставно, младоста значи живот, динамичен дух и темпрамент, но сообраќајот не е игра и неговото безбедно одвивање бара смиреност, зрелост, одговорност и секако знаење и способности, велат од РСБСП.

Возилото за време на престојниот викенд ќе биде поставено во Skopje CityMall каде што присутните ќе треба да ги потсетува за штетните последици од неодговорното и несовесно учество во сообраќајот, додаваат од РСБСП.

nike air max 1 sale