Возило во движење се запали утринава кај Стара железничка

Возило во движење утринава околу 8 часот се запалило кај Старата железничка станица во близина на трговскиот центар „Рамстор мол“.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје  изјавија дека интервенирале со едно возило и четири пожарникари.