Возило удри во жена на „Партизанска“

Шеесет и седумгодишна жена се здоби со тешки телесни повреди, кога возило удри во неа на булеварот „Партизански одреди“.

Возилото го управувало 47-годишно лице со иницијали З.С. од Тетово.

Жената по несреќата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.