Возило ноќеска излета од патот кај Катланово, две лица повредени

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска околу 1 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес, во близина на с.Катланово, Л.Д.(47) од Скопје, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(47) од Скопје, а возачот Л.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.