Возило на Црвен крст излетало од патот на Водно

На 25.01.2020 во 15,35 часот Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст “дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на  противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно.