Возило излетало од патот Богданци-Гевгелија, две лица се тешко повредени

Ноќеска околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Богданци - Гевгелија, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот.

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.