Возило излетало од магистралниот пат Охрид-Кичево, тешко повреден возачот

30-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат на магистралниот пат Охрид-Кичево. 

- На 04.11.2025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на село Оровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(30) од с.Горенци, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа денеска од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.