Возило излета од автопатот Скопје – Куманово

Автомобил „ауди“ вчера излета од автопатот Скопје – Куманово. Во сообраќајката тешко е повреден возачот.

Како што информира МВР, вчера во 7.30 часот на автопатот Скопје – Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од селото Инџиково, Скопско, излетало од патот.

Во незгодата возачот здобил тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.