Возете внимателно и избегнувајте го овој дел од Скопје! Ќе има протест

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада денеска во 18:00 часот на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. 

Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.

Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното загадување и труење на жителите на градот.