Повозрасен мотоциклист е тешко повреден во несреќа во Битола.
- На 10.03.2025 во 12.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, Д.И.(71) од Битола, управувајќи мопед „томос” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, известија од полицијата.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.