Возел нерегистриран автомобил, немал возачка и удрил во неколку пешаци

Во СВР Тетово вчера вечерта пријавено е дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило „опел вектра“, кое нерегистрирано и без дозвола го управувал 44-годишниот Х.Ј. од ова село удрило во пешаците Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови соселани, информира СВР Тетово.

Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.