Возел „мерцедес“ со 178 километри на час на место со ограничување 80 - Гостиварец остана без возилото

Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено, информираа од полицијата. 

- На 19.04.2026 година околу 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, со помош на специјално возило „пресретнувач“, измериле брзина од 178 км/ч кај патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. На овој патен правец дозволената брзина е 80 км/ч. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, а возачот К.И. (44) од Гостивар ќе се соочи со законски санкции согласно член 297-а и 300-б од Кривичниот законик, соопштија од МВР: 

Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила, истакнувајќи дека брзото возење е една од главните причини за тешки сообраќајни незгоди.