
Без положен возачки испит, 40-годишен жител на Рогле бил затекнат како управува автомобил „ауди“ низ Тетово. Полицијата го лишила од слобода, а возилото му било одземено.
- На 04.10.2026 во 18:05 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.Ш.(40) од село Рогле. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки без положен возачки испит, информираа од МВР.
Возилото е одземено, а по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.“