Воздухот кај Ректорат и во Центар утрово со најлош квалитет

Временските прилики се чини повторно работат во корист на скопјани кога е во прашање загадувањето кое утрово е на нешто пониско ниво од вообичаеното. Денеска најлош квалитет на воздух има во Центар и Ректорат - 40 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, што сепак е под дозволената градница.

Во Македонија, најлош воздух утрово дишат струмичани каде присутството на ПМ 10 честички во воздухот е 58 микрограми на метар кубен.