Возачот избегал: Прегазен пешак на пешачки кај „Јосип Броз Тито“

Жена-пешак прегазена на пешачки премин во центарот на Скопје, а несовесниот возач избегал. 

Несреќата се случила пред малку на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“. 

Официјални информации се очекуваат од полицијата. 

Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување. 

МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот. 

- Сред Центар, да прегазиш човек на пешачки премин и да побегнеш кукавички си најзлобното суштество-човек, споделува скопјанка која сподели и видео од инцидентот.