Возачот без дозвола, а возилото нерегистрирано и во него кутија со дрога - уапсени тројца гостиварци

Лишени од слобода три лица во Гостивар кај кои била пронајдена дрога во возилото во кое се превезувале, а кое било нерегистрирано и возачот бил без возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, синоќа (06.02.2026) околу 22:00 часот, на улицата „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Х.Л.(23), Б.З.(27) и А.З.(24), сите од Гостивар.

При преглед на патничко моторно возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, кај Х.Л. е пронајдена кутија со марихуана.

Утврдено е и дека возачот А.З. го управувал возилото без возачка дозвола, а возилото било со измината регистрација.

Возилото е одземено, а тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, додаваат од МВР.