
Од 17 до 23 ноември е европска недела на Операции на Камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа. Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите, информираа од полицијата.
Како што потенцираа, фокусот на акцијата и проверките е на:
-Техничката состојба на возилата
- Консумирањето на алкохол и наркотици
- Проверка на документацијата и дозволите
- Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот - но кога безбедносните правила се игрорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата, појаснуваат од полицијата.