Возачи бидете внимателни! Намалена видливост поради магла на патот Скопје-Тетово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци се проодни.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Тетово.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.