Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица–Радовиш

Возач на товарно возило загина во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу селата Василево и Владевци.

- На 28.09.2026 во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот, информираат од МВР.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, соопшти МВР.