Возач „собрал“ столбчиња кај Буњаковец: Беше пијан, за малку ќе не удреше

Возач за кој очевидците сведочат дека бил пијан во саботата рано наутро излетал од булаварот и бутнал неколку заштитни столбчиња кај Пазарчето Буњаковец, а со тоа направил и значителна штета на тротоарот.

- Дечкото беше пијан, влезе со 60 км, ќе не удреше го избегнавме. Ја искина гумата продолжи да вози. Удри во оградата кај Силбо, продолжи и застана неколку метри понатака. Главата му беше на волан и не знаеше кај се наоѓа, раскажува очевидец за несреќата на ФБ групата Ѕид на сообраќајниот срам.