
Вчера две жени настрадаа во сообраќајка во Тетово.
На 07.08.2025 во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(67) од село Мала Речица, тетовско, удрило во пешаците Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.