Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Возач на камион од Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац, потврдиле за агенцијата „Бета“ од полициската управа во тој град.

Несреќата се случила околу 01:50 часот, по полноќ кога камионот се превртел и потоа се запалил.

На местото на несреќата интервенирале противпожарни и спасувачки екипи. 

- По брзата интервенција и ставањето на пожарот под контрола, пожарникарите при пребарувањето на кабината го пронашле безживотното тело на возачот, пишуваат српските медиуми.