Возач на ЈСП нападнат од патник во Кисела Вода

Возач на автобус на ЈСП бил нападнат од патник на постојка во Скопје. 

- Вчера во СВР Скопје, М.С.(59) од село Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот, соопштија од МВР во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.