Генералниот секретар на синдикалната организација „СПАЈС“ на ЈСП Скопје, Меџит Идризи во вчерашното гостување во подкастот „ Претрес“ откри дека возач на ЈСП бил тепан во автобус додека возел патници. Меџити вели главата му била удирана од воланот на автобусот.
„Настанот се случил пред 2 недели во петок. Никој не знаел дека возачот е тепан зошто настанот се случил во петок попладне. А на вакво работно место ако некој е нападнат тогаш случајот треба да биде пријавен во МВР. Наместо претпријатието да го пријави овој настан, и да се третира како повреда на работно место, случајот во полиција го пријавува возачот. Кога отидов на работа во понеделникот ми кажаа дека сепак возачот го пријавил нападот, ама од ЈСП не пријавиле зошто било многу касно иако внатрешната контрола била на самото место и направиле увид“, кажа Меџити.