Возач на автобус на ЈСП физички нападнал патничка

Во текот на вчерашниот ден 40-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден нешто по 08 часот изутрината во автобус на ЈСП со број 57 се упатила кон возачот за да му каже да застане за да се симне, по што тој отворил вратата и физички ја нападнал, велат од полицијата.

Настанот според МВР се случил на улица „Васил Ѓоргов“, од полицијата посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.