Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот и 30 минути.

Возачот со брза помош е пренесен во градската општа болница Свети Наум Охридски. За видот и тежината на повредите, засега нема информации.

Непознати се и причините поради кои возачот изгубил контрола врз автомобилот.

Од МВР, детали за сообраќајката најавија по увидот. Поради несреќата, полицајци го регулираат сообраќајот.