Воз удри во автомобил кај Могила

На 28.05.2020 околу 17:50 часот на железничкиот премин во с.Лознани, општина Могила, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола удрил во патничко возило „киа клаус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(58) од Прилеп.

Од ударот била причинета само материјална штета, а повредени лица нема, по што возачот на возилото веднаш го напуштил местото.

Железничкиот сообраќај бил во прекин. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.