Воз удри во автомобил кај Куманово: Загинаа три лица

Три лица загинаа во несреќа што се случи претпладнево кога товарен воз удрил во автомобил, кај Романовце, кумановско.

Несреќата се случила во 11 и 45 часот пред железничката станица „Превој“, на одбележан железнички патен премин. Во автомобилот „голф“ имало четири лица. Во несреќата загинал возачот и две сопатнички, додека третиот сопатник успеал да скокне од возилото пред ударот.