Воз удри човек кај Визбегово

На 08.07.2020 во 17.00 часот било пријавено дека на железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, после надвозникот во Визбегово, воз што сообраќал на релација Скопје – Кичево удрил во едно лице, кое било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин од 17.00 до 19.35 часот.