Воспитувачка во група со 36 дечиња: Платите ни се мали, а родителските фрустрации големи

Секојдневно се со нашите деца, ги учат за хигиената, здрвата исхрана, комуникација, другарство. Се борат со родителските фрустрации, се обидуваат да ги вклопат и дечињата со посебни потреби, а на наставата во природа или посета на некој објект сами се грижат за 30 деца.

Главна тема по медиумите и социјалните мрежи сме, кога ќе се случи нешто лошо, а никој не спомнува како ние се трудиме и ги воспитуваме децата, вели Билјана (41) воспитувачка од една скопска детска градинка, која објаснува дека и она и нејзините колеги заслужуваат повеќе, ако ништо друго , поголеми плати и помал број на деца во групите.

-Родителите си ги лечат своите фрустрации,бидејќи тоа ми е дозволено, честопати се случува да бидеме вребално нападнати и да слушаме закани. По социјалните мрежи и медиумите секогаш сме топ тема кога ќе се случи нешто лошо, а никој не гледа како ние цело време се трудиме за дечињата, а понекогаш сме и единствените кои им подаруваат љубов. Јас водам предшколската група, поркај мене е уште една воспитувачка и некувателка, во моментов имаме 36 дечиња, а се очекуваат уште 7 до 9 деца да ни се приклучат во септември. Едни се расправаат за коцките, други цртаат, трети мијат раце и одат во тоалет. На повеќето им треба помош да се облечат, соблечат, да ги измијат рацете, да јадат. Со текот на годините научив дека лекот е само да им даваш задачи, со нешто да се занимаваат. Па, една група црта, друга реди коцки, трета разгледува сликовници. Во текот на денот се случува по неколку часа  децата во градинките да остануваат и со само едно одговорно лице бидејќи се работи меѓусменски, а има хроничен недостиг од кадар, објаснува Билјана.

Во Законот за заштита на децата групите во градинките се предвидени да бидат со помалку деца за разлика од реалните состојби. Кога се во прашање хомогените групи, до 12 месеци се предвидени групи од шест до осум деца, над 12 до 18 месеци, групите треба да бројат од осум до десет деца. Над 18 месеци до две години групите треба да бројат од десет до 12 деца, а над две до три години од 12 до 15 деца. Од 15 до 18 деца треба да имаат групите од три до четири години, а од 18 до 20 групите со четири и петгодишни деца. Групите од пет до шест години треба да имаат максимум до 25 деца.