„Воспитен шамар “ или разговор: На кој начин им укажувате на децата дека згрешиле?

Многумина од родителите своите деца ги казнуваат со шамар. Може да забележите по улица како некое дете плаче пред излог за омилена играчка и по долго објаснување од сопствениот родител добива шамар кое доведува до уште поголемо плачење.

Што мислите колку е ефективна ваквата воспитна мерка и колку често треба да се применува?

-Јас сум многу толерантна мајка, но нажалост некогаш се случува да плеснам еднаш по газот ради неслушање или направена беља. Потоа ми е криво и се прашувам дали сум погрешила, можеби требаше тоа да го решам со дискусија? Како дете не бев тепана, а татко ми ме нема чепнато и пак имав и имам повеќе респект и страв од него, вели Ана.

- Ќотекот од рајот е излезен, треба да се практикува и на немирните деца +20 години, не само на малите, вели Борко.

-Мали деца не треба да се тепаат. Дел од нив понатаму ќе сносат последици. родители кои тепаат мали деца се на ниско ниво со психата они ако мислат да го решат проблемот на тој начин, грешат. Се знае со убаво со збор кажи му поправи го кај греши зошто така постапува, а не удри мавај и после што треба да го носиш по логопеди, доктори да се мачи после со говорот, да д'тка, објаснува Ирена.

- Бев сведок кога буквално едно маалско дете маваше со камења по комшиски прозор, жената излезе и го замоли да не прави така додека мајката гледаше на мобилен. Детето си продолжи, а мајката не мрдна. Жената излезе на улица и `и се обрати на госпоѓата која не си го гледаше детето каде е и што прави, а таа ја погледна и `и рече: Госпоѓо, што се вознемирувате тоа е само мало дете. Мислам дека  некогаш треба и воспитен шамар самите родители да добијат бидејќи ги оставаат децата буквално што сакаат тоа да првата, вели Горан.