Вооружена драма во тобако во Козле

На втори месецов во 22 часот и 55 минути на улицата Козле во Скопје, се одвивала вооружена драма во тобако на 46-годишниот З.Р. од Трубарево, скопско.

Две засега непознати вооружени лица извршиле разбојништво над вработената, така што дошле до шалтерското прозорче и со закана со пиштол побарале пари.  Откако вработената им дала околу 7.000 денари, тие се оддалечиле во непознат правец.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на разбојниците.