Вооружен разбојник ограбил тобако во Скопје

Вооружен разбојник вчера попладне ограбил тобакото „Корнер“ на улица Кочо Рацин во Скопје.

Според информациите на полицијата, разбојникот ѝ се заканил со пиштол на вработената  во тобакото и ги собрал парите од денвниот проемт, го зел и нејзиниот мобилен телефон, како и повеќе кутии цигари, по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.