Вооружен напаѓач со пиштол ја ограбил „Стопанска Банка“ во „Беверли Хилс“

Грабеж утринава се случил во Стопанска Банка во трговскиот центар Беверли во населбата Капиштец во Скопје.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот.

Информацијата ја потврди и МВР, но засега не споделуваат повеќе детали.

„Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“