Вооружен инцидент сред ден на патот Сарај-Матка - Оштетено е возило, уапсено е едно лице

Вооружен инцидент се случил вчера попладне во објект во изградба на патот Сарај–Матка, откако според пријавата, поради претходни деловни недоразбирања биле испукани повеќе истрели кон објектот и кон паркирано возило.

Од МВР информираат дека на вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, 29-годишниот Е.М. од селото Ласкарци пријавил дека додека работел во објект во изградба со свој пријател, таму дошле неговиот 57-годишен татко и 45-годишен чичко. Откако им побарал да го напуштат објектот, според пријавата, тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот, при што било оштетено и неговото патничко возило.

По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и патрони.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.