Вооружен грабеж во спортска обложувалница во Јурумлери

Во 21 часот и 50 минути вчера било пријавено дека во селото Јурумлери-скопско во спортска обложувалница непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената.

Тој одзел сума на пари од околу 100.000 денари и го напуштил местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.