Вооружен грабеж во познат скопски угостителски објект

Ограбен е познат скопски угостителски објект.Четириесет и осум годишниот Ш.Ќ. пријавил дека е извршен грабеж во угостителскиот објект „Бастион“, од страна на две непознати лица на возраст од 25-26 години.

Под закана со нож одземено му е од касата дневен промет и  пијалаци од шанк.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.