Вооружен грабеж во обложувалница во Скопје

Вчера вечерта околу 22 часот се случил нов вооружен грабеж во Скопје во обложувалница на улица Сречко Пужалка, дознава неофицијално Centar.mk.

Вооружен маскиран разбојник извршил разбојништво при што го одзел прометот и се дал во бегство. Повеќе информации за настанот очекуваме во текот на денот.

Пред два дена пак се случи грабеж и во казино на излезот од Скопје при што загинаа две лица.